Опис
Maxi-Cosi Nomad е вистинското решение за Вас доколку често патувате и менувате автомобили. Инжинерите на Maxi-Cosi создадоа максимално безбедно седиште за во автомобил, кое е лесно склопливо и притоа е три пати полесно од стандардните седишта секако кое ги исполнува сите безбедносни стандарди.
Седиштето е наменето за користење од 9 месеци до 4 години.
Maxi-Cosi Nomad е лесно за инсталирање бидејќи Ви се потребни само 30 секунди, супер лесно за носење или преместување било каде и да одите. Самото седиште има рачка за да можете лесно да го носите со Вас. Со секое седиште доаѓа торба за пакување на седиштето.
Со Maxi-Cosi Nomad Вие сте сигурни дека во било кое возило и да се возите, Вашето дете ужива во комфорното седиште изработено од пријатни и меки материјали. Безбедноста е гарантирана со појачаниот патентиран систем за безбедност на Maxi-Cosi – Side Impact Protection.
The Maxi-Cosi Nomad. Freedom to Travel!