Аплицирајте за лојалти програмата и собирaјте поени. Вредноста на еден поен е еден денар.
Поените односно денарите може да ги користите при следното купување online – или пак следниот ден во било која наша продавница.
Со купување на производи во вредност од 30.000 денари на една сметка, станувате наш Платинум член. Платинум членовите уживаат секогаш дополнителни 5% попуст, се до максимални 25% попуст. Доколку одреден производ е намален на 10% платинум членовите добиваат 15%. Кога одреден производ ни е намален на 25% попуст, тогаш и платинум членовите добиваат 25%. Секако со секое купување се добиваат поени, освен кога при купување користите поени. Во тој случај поените не се додаваат на Вашата лојалти сметка.
Со самото регистрирање на нашата Веб страна станувате лојалти корисник.
При секое купување во нашите продавници кажувајте го Вашиот број или пак email-от со кои се имате регистрирано за лојалти програмата за да добивате поени.
Ве очекуваме на највозбудливиот шопинг!