Услови на користење

Бебехоме Дооел Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во склад со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.bebehome.mk. Се поистоветува дека корисниците се запознаени со овие услови доколку го користат било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќаат дека користење на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

Бебе Хоум Виб дооел (понатаму “контролор”)

Адреса: ул. Рампо Левката 9 1000 Скопје, С.Македонија

Тел: 072 25 00 11

email:  [email protected]

WEB: www.bebehome.mk

Трансакциска с-ка: –270-0700257201-61  Халк Банка АД Скопје

ЕМБС: – 7002572

ЕДБ: – МК 4057014527458

Шифра на дејност:47.19 – Друга трговија на мало во неспецијализирани продавници

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб апликација.

1. Општи одредби

Bebehome.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.

Бебе Хоум Виб ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

Бебе Хоум Виб може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

2. Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

Личните податоци кои ги проследувате до сајтот bebehome.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на интернет. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.

Бебе Хоум Виб на оваа локација не сака од Вас да добива доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и со кои не може слободно да се располага. bebehome.mk нема никакви обврски кон овие соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

3. Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите оваа локација. bebehome.mk ги нема прегледано сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролира, и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

4. Кориснички блог

Бебехоме може, но нема обврска, да го надгледува или прегледува било кој дел од локацијата на кој корисниците пренесуваат или праќаат соопштенија или комуницираат единствено меѓусебно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на корисничкиот форум, како и содржината на било кое соопштение од овој тип. Но, Бебехоме не се смета за одговорен за содржината на било кое од наведените соопштенија, без оглед дали произлегува или не од Законот за авторски права, клевети, приватност, навредливост или друго.

Бебехоме го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив. Сите ифнормации во врска со трансакцијата купувач – продавница Бебехоме, се смета за деловна тајна и треба да се третира согласно законските прописи на Република Македонија.

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ, каде што потоа ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ и на вашиот емаил ќе ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Избор на производи

На почеток на секоја страница се наоѓа паѓачко мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со набројани производи. Од лева страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: пол, тип, вид, намена, произведувач, цена. Со избор на полето CHECKBOX покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата или името на производот. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, намената и сл. при преглед на производите кои се достапни за купување, ќе забележите под производот поле “БРЗ ПРЕГЛЕД”. Кога ќе го притиснете тоа поле ќе можете да го видите производот од повеќе агли, да ја одбеерете посакуваната боја и големина. Со притискање на полето “КУПЕТЕ” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата корпа. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во корпа.

Содржина на корпата

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за корпата, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или спротивно да го зголемите нивниот број.

Нарачување на производи од корпата

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа корпата да кликнете на копчето за “ПРИФАЌАМ” за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секоја нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошничката со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за корпа.

Достава

Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.

Рокот на испорака е максимум 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 8 до 16 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку курирот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

РЕКЛАМАЦИИ

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 072 250011 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата [email protected] и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператоти ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата [email protected].

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Во име на компанијата Бебехоме Дооел се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата Бебехоме се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

При внесување на деталите за платежната картичка, чувствителните информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со користење на SSL протоколот и PKI системот, како што во моментов е најнапредната криптографска технологија. Безбедност на податоците при онлине купување, ја гарантирајќи уплатата CARD и АД Комерцијална Банка, така што целиот процес на исплата се врши на местото на банката. Во ниту еден момент кредитна картичка податоци не се достапни на нашиот систем.

По избор на купувачот (корисникот), врз основ на доброволна согласност, може до БЕБЕ ХОУМ ВИБ ДООЕЛ Скопје да достави податоци и слики преку пополнување на формулар на нашата веб страна со цел добивање услуги и производи поврзани со нашата работа. Сите информации прибавени преку формуларот се строго доверливи и БЕБЕ ХОУМ ВИБ ДООЕЛ ги проследува до magnolia.glamour единствено за целта за која се доставени и ниту за една друга цел. Сите податоци на купувачите (корисниците) се чуваат на безбеден веб сервер на БЕБЕ ХОУМ ВИБ ДООЕЛ и се бришат по истекот на 15 (петнаесет) денови од денот на последната комуникација меѓу БЕБЕ ХОУМ ВИБ ДООЕЛ и купувачот (корисникот).

 

Доколку сте регистрирани на нашата интернет страна или сте пополниле онлајн формулар за добивање производи и услуги од БЕБЕ ХОУМ ВИБ ДООЕЛ, врз основа на писмено барање имате право:

– Да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,

– Да пристапите до Вашите лични податоци и

– Да ги дополните, измените, избришете или да изберете запирање на нивната понатамошна обработка.

 

Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса:

 

[email protected]

 

Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.

 

ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Бебе Хоум Виб има обврска враќањето на средства да го изврши преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката или на трансакциска сметка доставена од купувачот.

Сите трошоци поврзани за поврат на производ одат на терет на купувачот, односно се задржува износот за поштарината за првото праќање, износот за повторното враќање како и износот кои деловната Банка го наплаќа на Бебе Хоум Виб согласно важечкиот ценовник. Доколку вредноста на вратениот производ е поголема од овие трошоци, разликата оди на терет на купувачот.

За враќање на производ потребно е истиот да биде доставен до

Бебе Хоум Виб

Милан Зечар 4 1000, Скопје Аеродром.

 

По прием на производот исклучиво доколку е вратен во оригиналното пакување, неупотребуван и неоштетен средствата ќе бидат вратени на еден од погоре објаснетите начини.

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Кире Крстевски
Телефонски број: +389 70 365 545
e-mail: [email protected]


X