Опис
Нежен, но темелен чистач за чистење и миење на кожата, во облик на богат и свиленкаст гел кој темелно ја чисти кожата и отстранува шминката, додека е многу нежен со кожната бариера и воопшто не ја суши кожата. Jelly Joker не ги надразнува очите и има ниска ПХ вредност околу 5 – 5.4.
Во овој гел се комбинирани два многу нежни сурфактанти: PEG-6 Caprylic/Capric Glycerid и Poloxamer 184 кои се впрочем главно познати како состојки присутни во мицеларната вода. Додадени се ксилитилглукозид, анхидроксилитол и ксилитол. Ова е хидратантно трио кое ја зголемува способноста на кожата да ја задржи водата и истовремено ја зајакнува кожната бариера. Нивната улога е чистењето на лицето да биде нежно и хидрирачко. Пантенолот и алантоинот се испробани и тестирани сосотојки за нега кои се додадени, за да чистењето на кожата биде уште понежно.
Бонус – Jelly Joker е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), вегански производ, без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла, без присуство на глутен, безбеден за користење во текот на бременоста и безбеден за користење на лица со маласезиа (квасници).
За кого е наменет Jelly Joker?
Jelly Joker е наменет за секој тип на кожа и за сите оние кои сакаат гелови за чистење кои не пенат. Буквално секој може да го користи, без разлика дали и каков проблем има со кожата или пак воопшто го нема. Може да се користи и на многу сензитивна кожа склона на црвенило или кожа со габички маласезиа (квасници).
Состојки и Научни истражувања:
клучни состојки:
PEG-6 Caprylic/Capric Glycerides + Poloxamer 184 – Многу нежни, а сепак ефикасни сурфактанти (средства за чистење) познати најмногу од мицеларната вода.
Xylitylglucoside + Anhydroxylitol + Xylitol – трио хумектанти базирани на шеќер кои ја зголемуваат способноста на кожата да ја задржи водата и ја зајакнуваат кожната бариера. Помагаат Jelly Joker да е уште понежен и хидрирачки.
Panthenol + Allantoin – класично смирувачко дуо кое помага Jelly Joker да биде уште понежен