Опис
Станува збор за лесен, навлажнувачки крем за сончање, нежен за кожата кој користи минералени филтри како титаниум диоксид за заштита на кожата од оштетување, предизвикано од сонцето и слободните радикали.
Има спф 49 PA++ со широк спектар за заштита. Нуди хипоалергенско решение за чувствителна кожа со 93% природни состојки и ниска pH вредност, се грижи за кожната бариера, ја навлажнува и ја подмладува.
Содржи комбинација на состојки Panthensoside ™ (пантенол, мадекасозид и тигрова трева) и Cooling Relief ™ што ја смируваат иритираната кожа, како резултат на надворешни влијанија како ситна прашина (не дозволува да се залепат на кожата), сончеви зраци и ја ослободува од надворешен стрес.
Не содржи состојки од животинско потекло, минерални масла, синтетички мириси, талк, парабени, полиакриламид, иидазолидинил уреа, триетаноламин, бои.
Има нелеплива формула и кремаста текстура што го олеснува повеќекратното аплицирање во текот на денот и со тоа го прави пријатен за користење. Ја осветлува кожата по апсорбирањето на самиот производ.