10% попуст Добивате 39 Поени!

MIZON 0.1% RETINOL YOUTH SERUM 28G

2,190ден 1,971ден

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

37 на залиха

Опис

Високо ефикасен серум против брчки дизајниран за чувствителна кожа и за оние кои што сакаат постепено да го воведат ретинолот во нивната рутина за нега на кожата. Покрај тоа што ќе ја намали појавата на знаци на стареење, овој серум ќе ја изедначи текстурата на кожата, ќе ги намали старечки дамки, акни, оштетување од сонце и црвенило.

Mizon 0,1% Retinol youth serum се базира на уникатниот комплекс Пептинол на Mizon , кој е мешавина од пептиди + ретинол и дава ефект за брзо обновување на клетките, како и стимулирање на производството на колаген на кожата и подобрување на еластичноста на кожата. Заедно, овие две состојки се ефективни состојки за подмладување кои ќе ја одржат кожата мазна и сјајна, давајќи ѝ мекост и цврстина.

Серумот содржи и ниацинамид и сквалан. Ниацинамид е познат како состојка која помага во намалувањето на акните, старечките дамки, лузните од акни, сува кожа, фините линии и црвенилото. Сквалан е масло кое ќе ја зајакне бариерата на кожата и ќе додаде голема количина на хидратација и исхрана. Содржината на овие две состојки ќе се грижи за вашата кожа и ќе ја намали појавата на иритации на кожата.

За да се зголеми стабилноста и издржливоста на серумот, пакувањето е направено со безбедна 5-слојна безвоздушна пумпа која обезбедува заштита на производот.

Серумот е погоден за оние со чувствителна кожа кои сакаат да почнат да користат ретинол.

 

Напомена

Кожата може да почне да се лупи по употреба

Секогаш користете заштитен фактор кога користите ретинол бидејќи може да ја зголеми чувствителноста на сонце

Не користете со физички или хемиски пилинг за да избегнете иритација

– Не тријте пилинг ако вашата кожа почне да се лупи, оставете ја природно да се лупи.

За најдобри резултати и минимално лупење, секогаш нанесувајте густ хидратантен крем

– Престанете со употреба ако кожата стане прекумерно црвена, иритирана или прекумерно почне да се лупи. Може да се обидете повторно откако кожата ќе има време да се смири.

Начини на испорака

Bebe Home Ви нуди бесплатна испорака на сите пратки над 1200 денари.
Начините на плаќање за online порачките се:
– со кредитна картичка Visa или MasterCard
– плаќање при достава на врата со откуп
Испораките ги вршиме преку некоја од овластиените фирми за достава во Р.Македонија во рок од 1-3 работни дена од порачката, но во некои исклучителни ситуации и до 5 работни денови.
За сите дополнителни информации испратете ни email на [email protected] или побарајте не на 072 250011.

X