Опис
Димензии:
Фиокар: 76 x 45 x 90cm
Подлога за пресоблекување: 82×49 cm
Фиокарот Тео од реномираниот италијански бренд Pali е направен од масивно буково дрво и обоен со 100% бои на водена база, нетоксични и антиалергиски.
Фиокарот има три големи фиоки, ергономска кадичка за бањање на бебето, која се наоѓа под подлогата за пресоблекување, мека подлога за пресоблекување (се користи до 12 месеци) и 4 тркала за лесно пренесување на фиокарот, од кои две имаат кочница за да се фиксира по потреба.
Фиокарот има дезен со мече на горната фиока, па овој плакар може да се комбинира со креветчето Тео (кои се од истата линија) за да се направи комплетна детска соба.
Произведено во Италија