5% попуст Добивате 47 Поени!

PURITO From Green Cleansing Oil Сет 200ml + REFILL 200ml

2,490ден 2,366ден

Акцијата важи до 30.04.2025

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

26 на залиха

Опис

За мене

Нежно и чисто со пет есенцијални масла директно од природата.

Маслениот чистач е нежен производ и има смирувачки ефект. Во својот состав има само здрави природни масла наспроти агресивните синтетички масла. Маслениот чистач целосно и нежно ги отстранува кремата за сончање и шминката од кожата. Содржејќи ништо друго освен суштински состојки и пет различни хранливи и богати есенцијални масла, овој маслен чистач на кожата ви овозможува да го исчистите вашето лице без никаква иритација на кожата и очите. Хидрофилните есенцијални масла одлично емулзифицираат, нежно растопувајќи ја секоја шминка заедно со нечистотијата и себумот кои се длабоко во вашите пори на лицето.

*Што е емулзија?

Кога во маслениот чистач е додадена вода, тој се претвора во млечна супстанца. Овој процес се нарекува емулзија. Се однесува на феноменот каде што маслениот чистач пенетрира во порите и се комбинира со вода, постигнувајќи густина која е полесна од масло и ги извлекува нечистотиите длабоко навлезени во порите. Кога користите маслен чистач за отстранување на шминката, ефективниот процес на емулзија овозможува целосно отстранување на сите нечистотии во кожата, како што се црните и белите митесери.

Клучно

Пријатно & Лесно природно масло

Станува збор за маслен чистач чија база се природни растенија, кое со сигурност ќе ја исчисти вашата кожа на лицето без никаква иритација и проблеми. Не остава никаква масна трага.

Ефикасна нега на себумот

Претераното стимулирање на кожата да се отстрани себумот, ја оштетува кожата и ги проширува порите. Со маслениот чистач составено од природни масла  и прецизен процес на емулзија без никаква кожна иритација ефикасно и на природен начин ќе го отстраните себумот и нечистотиите навлезени длабоко во порите.

Нежно, а сепак ефикасно!

Петте есенцијални природни масла ја отстрануваат кремата за сончање и шминката нежно, но сепак ефикасно без крутост и затегнување на кожата. Ефикасно ги отстранува нечистотиите насобрани во кожата и дава лесно и освежувачко чувство.

Ефекти на 5те природни масла

  • Масло од маслинки

Богато со Витамин Е, маслото од маслинки создава влажна бариера на кожата, што обезбедува влажност на сувите делови додека и помага на кожата да го одржи балансот на нејзината влажност. Маслото од маслинки исто така ја заштитува кожата од стареење бидејќи Витаминот Е во маслото од маслинки е отпорен на активниот кислород кој предизвикува предвремено стареење на кожата.

  • Масло од семето од сончоглед

Маслото од семе од сончоглед ги содржи основните масни киселини и лецитин, супстанци кои се наоѓаат во клетките на човечкото тело. Го контролира себумот, ја смирува кожата, има антиоксидативни својства што помага во заштитата на стареењето на кожата. Понатаму, маслото е исто така соодветно за користење на масна кожа бидејќи не предизвикува појава на акни или други видови на кожни проблеми.

  • Масло од семе од јојоба

Богато со витамини и минерали, маслото од семе од јојоба ја заштитува кожата од надворешните агресивни влијанија и нуди фантастичен хидратантен ефект. Понатаму, маслото од семе од јојоба го контролира производството на себумот и има ефект на длабоко чистење на порите, отстранувајќи ги сите нечистотии.

  • Масло од сладок бадем

Маслото од сладок бадем  има одличен хидратантен ефект и го намалува чешањето на сувата кожа. Исто така е богато со Витамин А и Витамин Е кои имаат одличен ефект во подобрување на проблемите со воспаленија на кожата и акните додека ги омекнува лесните лузни.

  • Масло од семе од грозје

Маслото од семе од грозје ги апсорбира нечистотиите во порите на кожата и помага целосно да се исчисти кожата. Исто така помага кожата да се регенерира, содржејќи полифенол кој го спречува стареењето на кожата.

 

Супер Тип!

Како се користи Маслениот Чистач


X