Опис
Наменето за користење од 0+месеци.
Супер матот на Tiny Love е наменет за користење од новороденче и вашето бебе со сигурност ќе го обожава!
Уште од самиот старт, овој супер мат со димензија од 150X100 цм е перфектен за ваше зближување со бебето. Легнете до вашето малечко и играјте си, гледајте се во очи, разговарајте и пејте песнички, едноставно искористете ја прекрасната можност да се запознаете меѓусебно и да комуницирате.
Од вториот месец живот на вашето бебе овој супер мат е совршен за развој на грубата моторика преку вежбање на стомаче. Охрабрете го вашето бебе да лежи и вежба на стомаче со тоа што ќе биде ангажирано со сите активности кои ги нуди овој супер мат. Покажувајте му ги магичните илустрации, задржете го неговото внимание со peek-a-boo дрвото и сатенските ленти или поставете го огледалото при соодветен агол за да вашето бебе може сам/а да истражува.
Од 5+ месеци, вашето бебе веќе може да седнува, па со тоа ќе може максимално да ужива играјќи си на овој супер мат или надвор од него истражувајќи ги сите разновидни активности кои ги нуди од една сосема нова за него/неа перспектива.