Опис
HaruHaru Wonder Black Rice Soft Peeling Gel e перфектно решение за безживотна кожа без сјај кој нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата со 95% природно изведени состојки во својот состав. Главна состојка во оваа крема е ферментираниот црн ориз кој е богат со антиоксиданси и е високо нутритивна состојка наменета за анти ејџ нега. Црниот ориз содржи висока концентрација на полифенол и флавоноиди, кои ја заштитуваат кожата од слободните радикали и стимулираат формирање на нови клетки на кожата. Исто така содржи и екстракт од црвен женсен за ревитализација на кожата и бетаин кој го стимулира производството на колагенот. Овој гел-ексфолијатор има мека текстура која лесно се нанесува и притоа ја остава кожата мека, измазнета и подмладена. Не содржи штетни состојки, vegan-friendly и cruelty-free.