Опис
Крема која ја смирува кожата и и дава неверојатен сјај со нејзината мешавина од нутритивни состојки: прополис и пантенол. Ја смирува иритацијата, го намалува црвенилото, ја заштитува кожната бариера и ја заклучува хидратацијата во кожата со помош на антиинфламаторните, антибактериските и потхранувачки својства на екстрактот од прополис, мед Манука и пчелно млеко. Пантенолот и Церамиди НП помагаат во заштитување на кожната бариера од надворешните стресори додека 4те типа на хијалуронска киселина помагаат во задржување на влажноста во кожата. Азиската центела, екстракт од heartleaf и чајно дрво и пружаат на кожата смирувачки ефекти и ја олеснуваат и смируваат иритираната кожа. Оваа крема по нанесувањето остава освежувачки и хидратантен финиш без чувство на лепливост. Наменета е за користење на секој тип на кожа, особено за проблематичната кожа, иритирана, дехидрирана и масна кожа.