Опис
Pyunkang Yul ATO Cream Blue Label е крема која содржи церамиди и пептиди, со што се овозможува длабока хидратација и ревитализација како и зајакнување на кожната бариера. Клучна состојка е воедно и honeysuckle (растение кое успева да преживее и во сурови зими), која се користи за смирување и заштита на кожата од надворешни влијанија. Дополнително, кремата е формулирана и со масло од макадамија кое содржи есенцијални нутриенти и масни киселини, како и шеа путер кој длабоко ја ревитализира и хидрира кожата, но и ја задржува влагата во неа. Кремата е со толку нежна и блага формулација, што може да се користи и за нежната бебешка кожа.