Опис
Лосион крема, за сите типови на кожа вклучувајќи ги и они со чуствителна и иритирана кожа. Во својот состав соддржи морска вода од длабочиите на Источното Море кое што се наоѓа околу островот Докдо во Јужна Кореја, богата со минерали за задржување на влажноста и нејзино надополнување, длабинска хидратација, регулирање на себум и подобрување на кожната бариера.
Исто така во својот состав соддржи и Centella Asiatica, екстракт од камилица, пантенол, витамин Е, хијалуронска киселина и сквалан кои што се одговорни за смирување на чуствителна и воспалена кожа, зајакнувајќи ја бариерата на кожата и длабинска хидратација давајќи и сјај на кожата.
Клучни состојки на лосион кремата се:
Сквалан кој ја измазнува и омекнува кожата без да остави мрсен траг.
Токоферол, антиоксидант кој ја штити кожата од слободните радикали и ја прави кожата отпорна на УВ зраци.
Пантенол за хидрирање, навлажнување и смирување на кожата.
Centella Asiatica која делува антивоспалително и смирувачки кон проблематичната кожа, помага во избледување на флеките и ја зајакнува бариерата на кожата.