Опис
Сет од 4 производи на Миша, кој ги содржи два производи против стареење од серијатa
на производи TIME REVOLUTION.
Сетот содржи:
Missha The First Essence RX 150ml + 30ml
Missha Time Revolution Night Repair Probio Ampoule Serum 50ml + 10ml
Missha The First Essence RX:
Missha Time Revolution The First Treatment Essence Rx е 4-та генерација на подобрената
верзија на култната есенција омилена меѓу љубителите на нега на кожа. Оваа ново
преформулирана есенција содржи 95% екстракт од ферментиран производ од цика, кој го
подобрува тонот на вашата кожа, ја подобрува текстурата и го минимизира црвенилото за
почист и посветол тон на кожата. Pro ferment αTM го комбинира процесот на двојната
ферментација на производите(топла и ладна), што помага производот да навлезе што
подлабоко во кожата на лицето.
Missha Time Revolution Night Repair Probio Ampoule Serum:
Моќна ноќна ампула која во својот состав има 10 пробиотици со различни функции,
вклучувајќи и 50% повеќе бифида ферментиран лизат (ферментиран квасец) кои заедно
во комбинација значително ја подобруваат природната сила на вашата кожа. Во составот
има присуство на 5 супер хранливи состојки (виолетови моркови, слива, зелка, модар
домат, цвекло и боровинки) кои помагаат во обновување, заштитување на кожата и
враќање на нејзината енергија. Ја хидрира кожата, ефективно ги намалува брчките и
фините линии, ја подобрува еластичноста на кожата и изедначува текстурата на кожата.
Наменета е за користење на секој тип на кожа. Често споредуван со Estee Lauder
Advanced Night Repair, но како доста поефтина варијанта, овој серум е култен и еден од
најобожуваните заради неговата способност да ја обнови и хидрира кожата, давајќи и
сјаен изглед и изедначен тон на кожата, со негово редовно користење. Составот на овој
серум е можеби моќен но е доволно нежен и за сите оние со сензитивна кожа и
проблематична кожа склона на акни.