Опис
Емулзија за лице која е фаворит низ светот сега со нова подобрена формула за подобра нега и хидратација на кожата. Лесна хидратантна емулзија со кремаста и млечна текстура, брзо се впива и не остава леплив слој. Наменета е за сензитивна, сува и дехидрирана кожа. Може да се користи пред хидратанта крема за интензивно хидрирање и навлажнување на сувата и дехидрирана кожа.
Емулзијата во својот состав содржи 4 видови на хијалуронска киселина(Hydrolyzed Hyaluronic Acid, Sodium Acetylated Hyaluronate, Lactococcus/Hyaluronic Acid Ferment Filtrate и Sodium Hyaluronate), скавалан и глицерин кои се одговорни за хидрирање, смирување и негување на сувата, безживотна и дехидрирана кожа. Ја содржи и првата ферментирана хијалуронска киселина во светот, која е ферментирана од бактерии од млечна киселина со кои се произведува саке, што допринесува до хијалуронска киселина со висока стабилност во задржување на влажност и вода.