Опис
Дуо термометарот на Bébé Confort може да се користи за мерење на телесна температура, но и собна температура, температура на водата за капење и температурата на млекото во шише.
Со Bébé Confort дуо термометарот кој е опремен со инфраред технологија може да му ја измерите телесната температура на детето без да го соблекувате, на два начина: контакт чело и контакт уво. Резултатот од мерењето со контакт чело е готов за само 3 секунди и на овој начин може да ја контролирате постојано температурата на детето додека спие. Резултатот од мерењето со контакт уво е готов за само 1 секунда и има врв кој може да се мие па затоа заштитна навлака не е потребна. Кога температурата е преку 37,5° алармира црвен сигнал. Термометарот има голем дигитален дисплеј со светло и меморија од последните 12 мерења и торбичка за складирање и безбедно чување.