Опис
Safety 1st Hello (2 во 1) е практична градска количка со модерен дизајн. Седиштето се трансформира во удобна корпа за новороденче, па со тоа Safety 1st Hello (2 во 1) може да ја користите од новороденче. Ултра лесна за возење, се управува со само една рака и рачката за возење се подесува во неколку висини. Седиштето е реверзибилно, што значи детето може да го поставите во Safety 1st Hello кон околината или кон вас. Има неколку позиции за подесување на наслонот за седење/лежење достигнувајќи скроз лежечка позиција што овозможува релаксирано спиење на детето во Safety 1st Hello. Предните тркала ротираат за 360 ° и може лесно да се закочат. И предните и задните тркала се амортизирани и изработени од полна гума што значи дека Safety 1st Hello може да се вози по секаков терен, а исто така може и лесно да ги отстраните. Со кочница на задните тркала и за максимална безбедност со 5 точки на врзување на безбедносните каиши.Safety 1st Hello има екстра голема шопинг торба, вклучени се адаптери кои пасуваат за Maxi-Cosi транспортер, држач за чадорче и кабаница за заштита од дожд и ветер.