Опис
MISSHA M PERFECT COVER BB CREAM SPF 42 PA+++ е ултралесна и
мултифункционална бб крема, која нуди шминка со висока покривност но истовремено проследено со темелна хидратација на кожата, нејзина измазнета текстура и намалување на појавувањето на фини линии и брчки на кожата.
MISSHA M PERFECT COVER BB CREAM SPF 42 PA+++ дава неверојатна покривност, нежно, но многу ефикасно ги покрива недостатоците на кожата, го балансира тенот на кожата и и дава на кожата свеж и младешки изглед. Оваа ББ крема ја одржува вашата кожа постојано хидрирана и мека со моќта на церамидите, хијалуронската киселина и Gatuline RC во својот состав кои
помагаат во намалување на појавата на фините и брчките на кожата и ја зголемуваат еластичноста на кожата. Во својот состав содржи и хранливи ботанички есенции, масла од растенија како емолиенти и нутритивно богати морски екстракти за хидратација и навлажнување на кожата. Исто така содржи и екстракти од рузмарин и камилица кои го подобруваат здравјето на кожата.
MISSHA M PERFECT COVER BB CREAM SPF 42 PA+++ обезбедува висока покривност на темните места и кругови на кожата и и дава на кожата чист и сјаен изглед. Исто така совршено ги покрива и акните и мозолчињата, како и останатите недостатоци на кожата.
Оваа ББ крема е наменета за сите оние кои имаат тешкотија во покривање на акните и недостатоците на кожата со постоечките ББ креми. Наменета е за сите оние кои сакаат висока покривност, но сепак со чувство дека имаат нанесено лесна шминка. За сите оние кои сакаат база за шминка која нуди УВ заштита, како и нега за брчки и осветлување на кожата. За сите оние кои сакаат перфектна кожа за кратко време.