Опис
Претставува суво масло кое ќе ја направи кожата сјајна, без да ја измасти, буквално ја затвора влагата внатре во кожата, воедно има и антибактериски својства што го прави идеално дури и за проблематична кожа. Ќе го подготви вашето лице за шминка и ќе ја задржи на лицето преку целиот ден. Штити од надворешни влијанија и загадувачи.
Squalene е состојка која што природно се наоѓа во себумот кој што го лачи кожата и помага за заштита и навлажнување. Timeless ™ Squalane маслото е добиено по природен пат од маслинки и помага да се подобри еластичноста на кожата. Воедно, помага да се намали загубата на влажност во кожата, го регулира производството на себум, мометално ја хидрира сувата кожа, може да се користи и на тело, а особено е ефикасен за хидратација на усните.
*Одговара на сите типови кожа како и на проблематичната кожа, склона кон акни.