Опис
Maxi Cosi Plaza + Essential Graphite
Plaza Plus е количка дизајнирана да го направи Вашиот урбан живот уште полесен и поедноставен. Оваа количка доаѓа во пакет со комфорна корпа и дополнително може да се комбинира со купување на Maxi-Cosi Cabrio fix транспортер во нашиот акциски пакет (овој пакет е достапен само во продавници, не и онлајн). Maxi-Cosi Plaza Plus може да се користи од новороденче па се до 4 годишна возраст на Вашето дете. Со помош на овој пакет од корпа и транспортер можете непречено да го поминете целиот ден во движење без притоа да се грижите колку Вашето најмило поминува во транспортер или седиште од количка, бидејќи комфорната корпа овозможува сигурно и удобно место за спиење во било кој дел од денот, било каде.
Корпата поседува широк и удобен душек со што времето кое Вашето дете може да го помине во нејзе е неограничено, додека прозорецот за вентилација создава свеж проток на воздух за вашето бебе.
Одсега можете да уживате во долги прошетки во парк, на кафе со пријателите или безгрижен шопинг.
Седиштето на Plaza Plus е исто така многу удобно и комфорно. Поседува продолжена стреа за заштита од сонце, вентиалицони отвори, сигурносен појас со пет точки на зацврстување, преден бампер и секако истото е реверзибилно што овозможува кога е детето помало да биде свртено кон Вас.
Plaza Plus Ви го олеснува и склопувањето и расклопувањето, тоа е можно и со една рака бидејќи се се контролира на главната рачка.
Ременот кој лесно се прицврстува, поседува регулатор кој се регулира со една рака и магнетната тока која овозможува брзо прицврстување на вашето малечко, безбедно и подготвено за возење. Седиштето на Maxi-Cosi Plaza Plus се прилагодува во повеќе позиции, овозможувајќи Вашето дете да го истражува новиот свет. Седиштето за автомобил Cabrio Fix е ултра лесно седиште и може многу лесно и брзо да се пренесе од автомобил на било која Maxi-Cosi количка.
Maxi Cosi Rock 40-75cm Essential Grey
Maxi-Cosi Rock, е седиште за автомобил кое што тежи само 3,6 килограми, е супер лесен за пренесување на вашето бебе од дома до автомобил и обратно.
Транспортерот Maxi-Cosi Rock се користи од новороденче до 12 месеци, или од 40-75цм(0-12кг). Може да се инсталира со помош на безбедносниот појас на вашиот автомобил, но се препорачува да се користи со базата Maxi-Cosi EasyFix или FamilyFix (одделно се продава).Ова удобно седиште доаѓа со перниче за новороденче што му додава удобност на вашето новороденче и потпирачот за глава секогаш совршено ќе одговара на главата на бебето. Големата сончева покривка обезбедува заштита на вашето бебе од надворешните влијанија и создава подобра атмосфера за спиење.Овој модел на седиште за автомобил може да се комбинира со повеќе модели на колички.
