Опис
Сетот содржи:
Mary&May Spicule Collagen 1000 PDRN cream 15g
Kрем за обновување и хидратација на кожата. Содржи PDRN кој ја поттикнува регенерацијата на клетките и ја зајакнува кожната бариера. Кремот има текстура со микроскопски спикули кои ја подобруваат апсорпцијата на активните состојки, го смируваат црвенилото и ја оставаат кожата мазна, хидрирана и свежа.
Mary&May Spicule Azelaic PDRN Cream 15g
Крем формулиран со микро-спикули за ефикасно чистење на затнатите пори, во комбинација со азелаична киселина која нежно ги ексфолира мртвите клетки од кожата и делува на сè, од активни мозолки до флеки по акните. Моќната формула со азелаична киселина, чајно дрво, цинк PCA и мадекасозид помага во обновувањето, балансирањето и смирувањето на кожата склона кон акни. Збогатен е со CICA PDRN и ниацинамид за инстантно олеснување на иритираната кожа, видливо намалување на црвенилото и избледување на темните траги по акните. Исто така, содржи пантенол кој ја штити ослабената бариера на кожата и го забрзува нејзиното закрепнување.
Mary&May Spicule Retinol PDRN Cream 15g
Nоќна крема за обновување на кожата и намалување на фините линии. Содржи ретинол за стимулирање на обновување на клетките и PDRN за регенерација и зајакнување на кожната бариера. Кремот има микроскопски спикули кои ја подобруваат апсорпцијата на активните состојки, ја хидрира и ја смирува кожата, оставајќи ја мазна, еластична и освежена.
