Често поставувани прашања

Испораката ја вршиме со Карго Експрес Битола на целата територија на С.Македонија на принципот до врата. Времето на пристигнување е од 1-3 работни денови, но во исклучителни ситуации и 5 денови.

При самото купување на нашата on-line продавница можете да одберете помеѓу две опции за плаќање.

Првата опција е плаќање со картички на Visa и MasterCard.

Втората опција е плаќање при достава, односно плаќате во готово на доставувачот во моментот кога Ви ја врачува Вашата пратка.

Во случај да го добиете производот оштетен, Ве молиме веднаш пред да го превземете да ни се јавите на нашиот контакт телефон 072/250011. Во зависност од видот на производ и настанато оштетување ке Ви кажеме кои чекори треба да ги превземете, но бидете сигурни ке направиме се да го отстраниме проблемот.

Bebe Home има сопствена VIB  лојалти програма. Со секое купување добивате поени, 1 поен е 1 денари.

Вашите поени можете да ги користите во сите наши продавници или и при купување на нашиот веб сајт.

Со самото креирање на Вашиот кориснички профил на нашиот веб сајт, Вие веќе сте зачленети во Виб Лојалти Клубот и собирате поени. Доколку направите сметка во износ поголем од 30.000 денари, Вие добивате статус на Платинум член.

Овие членови имаат секогаш 5% попуст плус од останатите членови. Максимален попуст што платинум членовите може да го добијат е 25%. Кога некој производ е намален за сите 25% тогаш и платинум членовите добиваат 25% попуст. Доколку некој производ е намален 10%, платинум членовите добиваат 15% попуст.

Bebe Home соработува со две домашни банки кои нудат поволни и наменски кредити за купување во нашите продавници. За подетални информации Ве молиме испратете ни email на [email protected] или побарајте не на 072/250011.

Поставете ни прашање!

Ако не го пронајдовте одговорот на она што го барате, вие сте повеќе од добредојдени да поставите свое прашање.


X