20% попуст Добивате 224 Поени!

Maxi-Cosi Лара Ессентиал Графит

13,990ден 11,192ден

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

Нема на залиха

Продуктот не е достапен во моментов.

Опис

Maxi-Cosi Lara е толку компактна што можете да ја склопите и складирате во најмалите места. Перфектна е за урбани фамилии и за оние кои често патуваат, извонредно лесна, тежи само 6.3 кг., овозможувајчи му на вашето бебе максимален комфор. Maxi-Cosi Lara едноставно ќе ја обожавате, се управува екстра лесно, со само една рака и се склопува со само една рака: само допрете ја рачката еднаш и Maxi-Cosi Lara автоматски ќе се затвори.

Повеќето колички имаат една баскет торба за шопинг, но Maxi-Cosi Lara е уникатна по тоа што има две! Вообичаено, едната шопинг баскет торба е под седиштето, но другата е поставена позади седиштето што ви овозможува да складирате доста повеќе работи од вообичаено и да имате екстра лесен пристап до нив!

Maxi-Cosi Lara е комфорна количка која може да се користи од новороденче до 3.5 годишна возраст на детето. Maxi-Cosi Lara има високо поставено седиште кое е големо и со екстра полнење за максимален комфор. Седиштето е изработено од материјал кој дише и не дозволува потење на бебето, што значи ќе му е пријатно во екстра топлите денови, а исто така има и продолжена стреа која го заштитува детето од сонце, дожд и ветер.

Maxi-Cosi Lara има повеќе позиции на седење/лежење достгнувајќи скроз лежечка позиција, која може да ја користите од новороденче. Шок апсорбирачкиот систем овозможува глатко и комфорно возење на Maxi-Cosi Lara. Maxi-Cosi Lara има вклучена кабаница за дожд и ветер и држачот за нозете се подесува во неколку висини дополнувајќи го комфорот на вашето најмило до максимум.

Карактеристики

  • Составни делови - само количка
  • Димензија - 46x25,5x56цм
  • Тежина - 6.50кг
  • Се користи од до кг - од 0 до 15
  • Гаранција - 365 дена + lifetime
  • Позиции на седиште - 5+
  • Бампер - да
  • Кабаница за дожд - да
  • Мрежа за комарци -
  • Зимска навлака - не
  • Држач за чаша/шише - не
  • Опција за транспортер - не

Начини на испорака

Bebe Home Ви нуди бесплатна испорака на сите пратки над 300 денари.
Начините на плаќање за online порачките се:
– со кредитна картичка Visa или MasterCard
– плаќање при достава на врата со откуп
Испораките ги вршиме преку некоја од овластиените фирми за достава во Р.Македонија во рок од 1-3 работни дена од порачката, но во некои исклучителни ситуации и до 5 работни денови.
За сите дополнителни информации испратете ни email на [email protected] или побарајте не на 072 250011.

X