5% попуст Добивате 570 Поени!

4MOMS Mamaroo 5.0 Black

29,990ден 28,491ден

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

2 на залиха

Опис

Mamaroo 5.0 е подобрена верзија на најпродаваниот релаксатор, со повеќе движења дизајнирани да го смирува вашето бебе, исто како да го нишкаат родителите. Новата верзија е надградена со WI-FI паметна домашна инеграција, со која се овозможува гласовна контрола на релаксаторот со помош на Amazon Alexa i Google Home. Релаксаторот може да се контролира и преку мобилен телефон со iOS или Android уред поврзан преку Bluetooth, за полесно менување на начинот на движење, брзина и јачина на звукот. Во новата верзија, доден е каиш со 5 точки на врзување за поголема безбедност на вашето бебе.
Релаксаторот Mamaroo 5.0 има можност за нишање горе – долу, лево – десно идентично со движењата на родителите кога го смируваат бебето. Mamaroo 5.0 е наменет за деца од 0 со 11,5 кг. Седиштето се подесува во повеќе положби, зависно вашата потреба. Вклучени се 5 природни звуци, со 5 нивоа на јачина на звукот.
Содржи избор на пет уникатни движења (возење во кола, движења на кенгур, лулање, нишање и брановидно лулање) со можност на 5 брзини на подесување.
Педијатрите, неонатолозите и ортопедите го признаа како најпогоден за грижа на нивните најмали вознемирени и плачливи пациенти. Природното движење кое го нуди релаксаторот овозможува подолг период на смиреност и комфор смирувајќи ги бебињата особено кога имаат проблем со неизбежните грчеви уште во првите недели од животот. Исто така тие го признаа 4moms mamaRoo како најпогоден за користење кај бебињата вклучувајќи ги и предвремено родените со конгенитални срцеви болести и НАС синдром.

Карактеристики:
-Погоден од раѓање до 11,5 кг
-Пет уникатни движења засновани на вистински родителски движења – возење со автомобил, кенгур, лулање со дрво, рок-а-бај, бран
-Интеграција на паметен дом со Wi-Fi – гласовна контрола со Amazon Alexa и наскоро Google Home*
-Овозможено Bluetooth – контролирајте го движењето и звукот преку iOS или Android уред со апликацијата 4moms
-Прилагодлива брзина – 5 брзини
-Безбедносен појас со 5 точки на врзување
-Материјалот се пере во машина на 30 степени
-Наслонот на седиштето се подесува во повеќе положби
-Дел со играчки кој што се отстранува

*Опционалниот додаток за новороденче (одделно се продава) обезбедува дополнителна поддршка и удобност за помалите бебиња.

Спецификација:
Димензии: Д66,6 x Ш53,3 x В85,3 см
Тежина: 6,9 кг

 

Начини на испорака

Bebe Home Ви нуди бесплатна испорака на сите пратки над 300 денари.
Начините на плаќање за online порачките се:
– со кредитна картичка Visa или MasterCard
– плаќање при достава на врата со откуп
Испораките ги вршиме преку некоја од овластиените фирми за достава во Р.Македонија во рок од 1-3 работни дена од порачката, но во некои исклучителни ситуации и до 5 работни денови.
За сите дополнителни информации испратете ни email на [email protected] или побарајте не на 072 250011.

X