Опис
Ампула со артичока која изобилува со моќни антиоксиданси, нутриенти и овозможува длабинска хидратација за заздравување на оштетената и иритирана кожна бариера. Фитонутриентите ги напаѓаат бактериите и полутантите и спречуваат понатамошни исфрлувања и иритации на кожата. Наменета е за секој тип на кожа, а третира сувост и нерамномерна текстура на кожата.
Овој производ е дел од AXIS-Y 6+1+1 линијата во која секој производ е формулиран со комбинација од 6 нутритивни основни состојки (азиска центела (50.000ppm, корен од репај, сладок корен, чајно дрво (200 ppm), алое вера и бамја), една клучна состојка артичока и една ефективна технологија – Hawkweed Extraction Method – станува збор за метод на ултрасонична екстракција на јастребинка, со кој се минимизира уништувањето на корисни состојки, а која има одлични антиоксидативни и антивоспалителни ефекти за целокупно подобрување на состојбата на кожата.