Опис
Хидрогел лепенки кои пружаат интензивна хидратација, осветлување и подмладување на деликатната кожа околу очите. Во својот состав содржат филтриран слуз од полжав и ниацинамид, имаат моќ да ја задржат влажноста во кожата и потхрануваат уморната и безживотна кожа. Коктел од концентрирани состојки за ефикасно решение на многубројни кожни проблеми на различни делови од лицето. Хидрогел лепенките доаѓаат во две големини – мали и големи, со цел совршено да се вклопат на таргетираните места. Главната состојка во овие лепенки е филтрираниот слуз од полжав кој содржи “Муцин” која обезбедува интензивно навлажнувањ и инстантно ја смирува оштетената кожа. Перфектни за дехидрирана и оштетена кожа.
Формулирани без парабени, сулфати, вештачки бои и мириси, алкохол, минерални масла, есенцијални масла и силикони.