Опис
Иако често забораваме на нив, усните се чувствителен дел од нашето лице на кој треба да му се посвети внимание поради тоа што тие се и понежни одошто мислиме и многу лесно може да дојде до пукање или сушење на устата поради ниски температури, иритации и слично. Оваа маска за усни содржи токму состојки кои ќе и помогнат на вашата уста да заздрави но и да ја одржи устата хидрирана и здрава.
Церамидите се ефективна состојка која ја смирува и зајакнува кожата за да ја направи поздрава и еластична и се една од двете клучни сосојки на оваа маска за усни. Исто така се одлични за сите типови кожа – сува, мрсна, комбинирана и чувствителна – не прави ограничувања за тоа кој може да ги користи производите.
Шеа путер и природно добиени церамиди во комбинација овозможуваат хидратација и регенерација на оштетено или иритирано ткиво/кожа, правејќи ги усните хидрирани и мазни. Маката за усни е без мирис, безбојна и има нелеплива текстура, што ја прави совршена за секого.