20% попуст Добивате 28 Поени!

COSRX Reat Fit Retinol Serum 20ml

1,750ден 1,400ден

Акцијата важи до 31.07.2025

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

Нема на залиха

Продуктот не е достапен во моментов.

Откако ќе го отворите шишенцето, заменете го капачето со пипетата. Подгответе ја кожата со тонер и нанесете умерена количина на серум. Задолжително користете спф заштита во текот на денот. Не го користете со други производи кои содржат друг вид ретиноиди и киселини. Се препорачува почетниците кои за прв пат користат ретиноид, а при тоа имаат осетлива кожа да го користат серумот секоја втора вечер. Чувајте го на ладно, темно место на температура од 15ºC ~ 25ºC, подалеку од светлина и топлина.
Calendula Officinalis Extract, Butylene Glycol, Glycerin, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil, 1,2-Hexanediol, Polysorbate 60, Betaine, Dimethicone, Cetearyl Alcohol, Retinyl Palmitate, Cetearyl Olivate, Panthenol, Arachis Hypogaea (Peanut) Oil, Sorbitan Olivate,Allantoin, Tocopheryl Acetate, Hydroxyethyl Acrylate/Sodium Acryloyldimethyl Taurate Copolymer, Hydroxyethylcellulose, Xanthan Gum

Опис

Формулиран со 0,5% стабилизиран ретинал палмитат, ја ревитализира уморната кожа, ги поправа штетите од сонце и хиперпигментација.
Формулата е збогатена со екстракт од невен што ја смирува кожата и ги спречува
несаканите ефекти. Многу внимателно е избран употребениот дериват на витамин А и витамините, со цел да се оптимизира дејството и да се подобри испораката на активни состојки во кожата.
Додадени се и синергетски состојки за да ги сведат на минимум несаканите ефекти кои настануваат поради високи концетрирации. Прав серум по мерка, доволна доза на активни состојки и доволна јачина за посакуваните резултати.
Овој серум за зацврстување е инфузиран со стабилизиран дериват на витамин А, ретинал палмитат 0,5%. Делува на изедначување на тенот, измазнување на текстурата на кожата, таргетира знаци на оштетување од сонце, брчки и површински несовршености како хиперпигментација и лузни.
Екстрактот од невен е избран поради неговото смирувачко дејство, работи во синергија со ретинал палмитатот да ја обнови кожата, оставајќи го тенот беспрекорен најнежно што може.
Ова е одличен серум за почетници кои влегуваат во светот на ретиноидите. Станува збор за емулзија со лесна текстура која брзо се апсорбира. Ги рафинира нерамнините на кожата, ја намалува појавата на фини линии и брчки и ја зацврстува и подмладува кожата.
Светот на ретиноидите е забавен, подадете му рака на овој серум, може да му верувате и дозволете да ве воведе без несакани иритации.

Начини на испорака

Bebe Home Ви нуди бесплатна испорака на сите пратки над 1200 денари.
Начините на плаќање за online порачките се:
– со кредитна картичка Visa или MasterCard
– плаќање при достава на врата со откуп
Испораките ги вршиме преку некоја од овластиените фирми за достава во Р.Македонија во рок од 1-3 работни дена од порачката, но во некои исклучителни ситуации и до 5 работни денови.
За сите дополнителни информации испратете ни email на [email protected] или побарајте не на 072 250011.

X