Опис
Високо концентриран Витамин Ц серум кој е задолжен за избледување на флеките од акни и хиперпигментацијата, како и осветлување на целокупниот изглед на кожата и ревитализација на безживотната кожа.
Во својот состав содржи 23% чист Витамин Ц (аскорбинска киселина) кој е докажана состојка во борбата со флеките, хиперпигментацијата и стареењето. Одлична антиоксидативна состојка која ги елимимира слободните радикали и ја одржува кожата сјајна и здрава. Во својот состав содржи и токотриенол (Витамин Е) кој е докажано дека
има за 50 пати помоќен антиоксидативен ефект од Токоферолот. Дејствува во синергија со Витаминот Ц за дупло поголема ефикасност. Содржи и хијалуронска киселина за интензивно навлажнување и хидратација на кожата, како и алантоин која ја смирува и омекнува кожата.