Опис
Како еден од најчестите проблеми со косата и скалпот се наведува падот на косата. Опаѓањето на
коса може да биде последица од многу различни причини, од несоодветна нега на косата преку
екстенсивно фарбање на косата па се до хормоналеен дисбаланс.
За успешно спречување на опаѓањето, покрај дефинирање на причинителот, скалпот и влакното
бараат правилна нега која поттикнува забрзано растење на здрава, нова коса.
CP-1 е бренд кој се фокусира на долготрајно решавање на проблемите со косата и скалпот, па така
во својата палета на производи содржи и производ токму за поттикнување на растот на косата кој
ќе овозможи на вашиот скалп забрзано растење на нови влакна.
CP-1 Anti-Hair Loss Scalp Infusion шампонот ја содржи за нас веќе добро познатата силицидна
киселина, која е незаменлив дел од производите за лице кои ги користиме. Оваа киселина го
неутрализира вишокот маснотии во скалпот, го елиминира чешањето, лупењето и првутот, ја се
бори против себороичната габа, ги смирува иритациите и го враќа здравјето на скалпот.
Шампонот содржи екстракти од рузмарин, мелиса, еукалиптус, камилица и други лековити билки
кои ќе помогнат да се смири и балансира вашиот скалп.
Уште една веќе позната состојка која е дел од овој производ се и церамидите. Церамидите ги
измазнуваат оштетените врвови, што овозможува значително да се зголеми мазноста на косата, и
да се олесни стилизирањето.
За крај, зборуваме за Аминокиселини. Шампонот содржи глицин, серин, аланин, валин, треонин,
пролин и други аминокиселини кои придонесуваат кон зајакнување на самото влакно.