Опис
CP-1 Head Spa Scalp Scaler е дизајниран за чистење на скалпот. Производот е дизајниран за интензивна нега за кожата на скалпот и тоа со елиминирање на првутот, намалување на лупењето и чешањето и регулирање на лачењето на лојните жлезди, како и борба против опаѓањето на косата. Со текстура на лесна крема, не само што навлегува длабоко одвнатре во подлабоките слоеви на кожата, подобрувајќи ја значително нејзината состојба, исто така и на нежен начин ја чисти косата од маснотии и нечистотии. Соодветен за користење во домашни услови и во фризерски салони.
Главните активни компоненти од кои се состои овој производ се:
-Екстракт од камелија кој ја омекнува, смирува и потхранува кожата, ги зајакнува заштитните функции на епидермисот и го обновува хидробалансот,
-Екстракт од азиска центела ја заштитува кожата од негативните ефекти на ултравиолетовото зрачење, го намалува воспалението,
-Екстракт од лист од чајно дрво ја зајакнува косата и значително ја подобрува состојбата на кожата,
– Екстракт од пеперминт обезбедува долготрајно освежувачко чувство и прочистување и служи како антисептик, го намалува лачењето на себум и релурира порите.
– Екстракт од рузмарин помага во стимулацијата на крвната микроциркулација во
капиларите, го стимулира растот на косата и има антифунгално и антибактериско дејство.