Опис
UV млеко со спф фактор 50 што ја штити кожата од предвремено стареење предизвикано од штетно изложување на сонце. Има нелеплива и лесна формула за беспрекорно аплицирање збогатено со 100% минерални филтри, млечната текстура овозможува мек и мазен сатенски финиш, оставајќи ја кожата свежа.
Погоден за сите типови на кожа, особено за оние кои се чувствителни на органски филтри. Не содржи талк, животински состојки, минерални масла, бои.
Корисни информации:
УВА – ултравиолетови зраци со долга бранова должина продираат длабоко во кожата и предизвикуваат предвремено стареење на кожата, брчки и темни дамки.
УВБ – ултравиолетови зраци со кратка бранова должина се главна причина за изгореници од сонце и рак на кожата.
PA – колку повеќе плусови, толку подолга заштита од УВА
SPF – Колку поголем фактор, толку подолга заштита од УВБ
Минералните филтри како огледало го одбиваат УВ зрачењето. Титаниум диоксидот заштитува од УВБ, како и до него поблиските УВА II, додека цинк оксидот заштитува од истите и надополнува со УВА I заштита. На кратко, комбинацијата од двата филтри дава широк спектар на заштита со што безгрижно може да уживате во сонцето.
Содржи 20 вида на растителни состојки кои придонесуваат за поголема УВ заштита:
-екстракт од Dwarf ground sedge & семки од сончоглед за заштита од УВ зраци
– акаи бери и ацерола за зголемена виталност на кожата
-тушт (portulaca oleracea), тигрова трева (centella asiatica) и бела имела (mistletoe) ја релаксира кожата.