Опис
Нежен балм за чистење, кој е одличен за отстранување дури и на долготрајната и водоотпорната шминка и СПФ кремите, без да остави трага од нив. Идеален производ за првото чистење во ноќната рутина, бидејќи беспрекорно легнува на кожата и се растопува на неа, трансформирајќи се во свиленкасто масло кое ги растопува и тврдокорните нечистотии. Mighty Melt емулгира при контакт со вода и се претвора во млечна емулзија која лесно да се плакне, оставајќи ја кожата целосно чиста и мека без мрсни остатоци.
Бонус – Mighty Melt е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), вегански производ, без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла, без присуство на глутен и безбеден за користење во текот на бременост.
За кого е наменет Mighty Melt?
За секој кој што бара нежен, но темелен отстранувач на шминка кој што лесно се плакне, оставајќи ја кожата совршено чиста и мека. Наменете за секој тип на кожа, дури и сензиитвната.
Клучни состојки:
Ethylhexyl Palmitate – богат емолиент кој е особено ефикасен во растопување на водоотпорна шминка и СПФ
PEG-20 Glyceryl Triisostearate – многу ефикасен но нежен сурфактант кој е нежен за кожата и лесно може да се исплакне без да оставни масна трага. Перфектен сурфактатн за балмовите за чистење со лесно и едноставно плакнење
Olive Oil PEG-7 Esters – Масен ликвид кој е изведен од маслиново масло, растворливо во вода кој дејствува како косурфактант во составот.
Oleyl Erucate – Емолиент на база на растенија кој е исто така одличен за растошување на шминката а особено битен и ефикасен за грижата на кожата
Како се користи:
Со чисти и суви раце, нанесете од Mighty Melt соодветна количина(половина од орев) на сува кожа. Нежно масирајте преку целото лице и очите со кружни движења. Додадете малку млака вода за да може Mighty Melt да емулгира ѝ да ги разгради сите траги од шминка и креми со СПФ. Исплакнете добро, доколку користите двојно чистење нанесете втор производ, средство за чистење на база на вода-наш совет: Jelly Joker со ниска pH вредност. На крај нежно исушете го лицето со чиста крпа.
Состојки:
Ethylhexyl Palmitate, Oleyl Erucate, Olive Oil PEG-7 Esters, PEG-20 Glyceryl Triisostearate, Synthetic Wax, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin
Начини на испорака
Bebe Home Ви нуди бесплатна испорака на сите пратки над 1200 денари.
Начините на плаќање за online порачките се:
– со кредитна картичка Visa или MasterCard
– плаќање при достава на врата со откуп
Испораките ги вршиме преку некоја од овластиените фирми за достава во Р.Македонија во рок од 1-3 работни дена од порачката, но во некои исклучителни ситуации и до 5 работни денови.
За сите дополнителни информации испратете ни email на
[email protected] или побарајте не на 072 250011.