Добивате 6 Поени!

Geek&Gorgeous Mini Liquid Hydration 50 ml

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

Нема на залиха

Продуктот не е достапен во моментов.

Опис

Свиленкаст тонер за лице со 5% Пантенол + Природно Хидратантни Фактори (NMF) + Алантоин кој ја навлажнува, хидрира и смирува секој тип на кожа. Liquid Hydration има ниска ПХ вредност околу 4.5 – 5.

Пантенол (5%). Провитамин B5, познат по своите хидратантни и хранливи својства кој истовремено ја зајакнува кожната бариера, има моќно својство на смирување на кожата како и својство да залекува рани. Концентрацијата од 5% чии предности се поткрепени со истражувања е многу ретко присутна во тонерите.

NMF или природни хидратантни фактори. Компоненти кои се природно присутни во кожата, а нивната задача е навлажнување на епидермисот (горниот слој на кожата). Аминокиселините (во овој случај протеини од ориз), уреата, млечната киселина, PCA, натриум PCA и диглицерин спаѓаат во

Алантоин. Позната состојка која во синергија со пантенолот ја негува и заштитува кожата.

Бонус – Liquid Hydration е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), вегански производ, без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла, без присуство на глутен, безбеден за користење во текот на бременоста и безбеден за користење на лица со маласезиа (содржи амино киселини, но не и липиди).

За кого е наменет Liquid Hydration?

За секој кој сака хидратантен и навлажнувачки тонер. Liquid Hydration особено ќе им се допадне на сите оние кои сакаат повеќеслојно лесно хидрирање и навлажнување и имаат кожа која е склона на дехидрација, сензитивна кожа или пак ако користите јаки активни состојки (на пр. анти-акни препарати како што е бензоил пероксид или антиејџ препарати како што е третиноинот) кои ја сушат кожата и може да ја оштетат кожната бариера.

Научни истражувања:

Proksch, Ehrhardt, et al. “Topical use of dexpanthenol: a 70th anniversary article.” Journal of Dermatological Treatment 28.8 (2017): 766-773.

Journal of cosmetic science., 2011 Jul-Aug;62(4):361-70., Skin moisturizing effects of panthenol-based formulations.

Clinics in Dermatology, Volume 27 (5) – Sep 1, 2009, Common cosmeceuticals Fowler, Joseph. “Understanding the role of natural moisturizing factor in skin hydration.” Pract Dermatol 9 (2012): 36-40.

Начини на испорака

Bebe Home Ви нуди бесплатна испорака на сите пратки над 300 денари.
Начините на плаќање за online порачките се:
– со кредитна картичка Visa или MasterCard
– плаќање при достава на врата со откуп
Испораките ги вршиме преку некоја од овластиените фирми за достава во Р.Македонија во рок од 1-3 работни дена од порачката, но во некои исклучителни ситуации и до 5 работни денови.
За сите дополнителни информации испратете ни email на [email protected] или побарајте не на 072 250011.

X