30% попуст Добивате 25 Поени!

Mary&May Soothing Trouble Care Travel Kit 5pcs

1,790ден 1,253ден

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

Нема на залиха

Продуктот не е достапен во моментов.

Опис

Mary&May Сет од 5 производи:

Vegan Low pH Hyaluronic Gel Cleanser (30 mL)

Гел за миење на лице кое што е со ниска pH вредност, нежно и ефикасно ќе го исчисти вашето лице. Формулата со ниска pH вредност која ја штити вашата кожна бариера, гел за миење ќе помагне во рамнотежата на вашата кожа и ќе ја штити од надразнувачи кои предизвикуваат проблеми.Формулиран е со 10.000 ppm екстракт од грозје и хијалуронска киселина за хидратација и смирување на чувствителната кожа. Овој чистач е соодветен за секој тип на кожа и за дневно и ноќно чистење на лицето. 

Vegan Cica Teatree AHA PHA Blemish Toner (30 mL)

Тонер збогатен со 300.000 ppm вода од лист од чајно дрво кој длабински ја прочистува и инстантно смирува кожата. Во составот содржи активни состојки како AHA, LHA кои ги отстрануваат мртвите клетки на кожата. Додека патентираната состојка Акваксил помага во длабинска хидратација на кожата. Содржи и Gesolza која е антибактериска и антивоспалителна состојка која го контролира лачењето на себум и маснотии. Како и
осветлувачкиот агент ниацинамид за подобрување на целокупниот изглед на кожата.

Niacinamide + Chaenomeles Sinensis Serum (10 mL)

Серум кој содржи неверојатни 93% екстракт од кинеска дуња која изобилува со Витамин Ц и флавоноиди за измазнет и блескав изглед на кожата. Исто така содржи и 2% Ниацинамид за осветлување на кожата преку забрана на трансфер на меланозомите, како и регулирање на производството на себум и маснотии за балансирана и здрава кожа. Серумот има лесна текстура која длабински навлегува и се впива во кожата. Формулиран со ЕВГ сертифицирани состојки. Без парабени, вештачки парфеми и бои, алкохол, минерално масло, сурфактанти и алергени.

Sensitive Soothing Gel Cream (12 g):

Кажете им збогум на акните и воспаленијата со оваа крема за лице која содржи 71.8%
екстракт од растението камелеон (Houttuynia Cordata) која има антивоспалително дејство
и ја смирува проблематичната кожа склона на акни додека визуелно ги стеснува порите.
Во својот состав содржи и и 9.7% екстакт од чајно дрво кој има моќно антибиотско дејство
за залекување на рани. Содржи и Пантенол и 6 вида на хијалуронска киселина кои постапуваат како хумектанти и длабински ја хидрираат и навлажнуваат кожата.
Формулирана со ЕВГ сертифицирани состојки. Без парабени, вештачки парфеми и бои,алкохол, минерално масло, сурфактанти и алергени. Дерматолошки тестирана.

Tranexamic Acid + Glutathione Eye Cream (12 g):

Оваа крема наменета за околуочното подрачје е збогатена со 1.000 ppm транексамска киселина и 1.000 ppm Глутатион, моќно антиоксидативно дуо и блокатор на меланинот,кое значително ја осветлува безживотната кожа околу очите и го изедначува и подобрува тонот на кожата. Ги осветлува темните кругови околу очите и ревитализира деликатната кожа околу очите. Во својот состав содржи и Витамин Ц кој го стимулира производството на колаген, дава одлична анти ејџ нега и го корегира безживотниот тон на кожата. Исто
така содржи и ниацинамид, состојка добро позната по своето моќно осветлувачко дејство
на кожата. Формулирана со ЕВГ сертифицирани состојки. Дерматолошки тестирана.

Начини на испорака

Bebe Home Ви нуди бесплатна испорака на сите пратки над 1200 денари.
Начините на плаќање за online порачките се:
– со кредитна картичка Visa или MasterCard
– плаќање при достава на врата со откуп
Испораките ги вршиме преку некоја од овластиените фирми за достава во Р.Македонија во рок од 1-3 работни дена од порачката, но во некои исклучителни ситуации и до 5 работни денови.
За сите дополнителни информации испратете ни email на [email protected] или побарајте не на 072 250011.

X