Опис
Седиштето за автомобил (транспортер) Rock на Maxi-Cosi е ултра лесно седиште и може многу лесно и брзо да се пренесе од автомобилот на било која Maxi-Cosi или Quinny количка и многу други колички. Со дополнителната вклучена поддршка се зголемува комфорот во ова седиште додека интегрираниот страничен безбедносен систем ја зголемува безбедноста. може да се постави во автомобилот со ремените од автомобилот или пак да се постави на некоја од изофикс базите на Maxi Cosi.
Наменето за новороденчиња до 12 месечна возраст (до 13 кг.), ултра лесно седиште, лесно отстранлива и лесна за одржување навлака, комфорно седиште со екстра дополнитела поддршка, 5 позиции на наслонот кога се користи со изофикс базата, заштита од сонце, страничен безбедносен систем, прилагодливо во висина, се поставува и користи во обратна позиција од позицијата на движењето на автомобилот.