Опис
Maxi Cosi-Jade е најновото иновативно седиште за автомобил/корпа за новороденче кое го прави животот на родителите многу поедноставен и побезбеден за детето. Maxi Cosi-Jade доби НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ИНОВАЦИЈА на најголемиот саем за бебешка опрема во Европа “Kind + Jugend 2018”. Оваа софистицирана корпа/седиште се користи од новороденче до отприлика 6 месечна возраст и може да се користи како седиште за автомобил со 3wayFix изофикс базата и со тоа вашето новороденче секогаш ќе патува во препорачаната лежечка позиција. Исто така, Maxi Cosi-Jade може да се постави безбедно на сите компатибилни Maxi Cosi колички. Комплетирана со удобно меко ергономско лежиште, на вашето бебе комфорот при патувањата му е загарантиран.
Експертите советуваат и препорачуваат дека лежечката позиција за малите бебиња е најдобра за спиење. Круцијално за правилниот раст на вашето дете и развојот на мозокот е кога тие можат да се движат слободно, истегнуваат и вежбаат со нивните раце и нозе. Со Maxi Cosi-Jade ова сега е целосно овозможено при возење со количка, но и при долгите патувања во автомобил.
Со само еден клик се поставува корпата на задното седиште во автомобилот на 3wayFix Изофикс базата и исто така со само еден клик може да ја пренесете и поставите на количката притоа не вознемирувајќи го бебето.
Што ја прави Maxi Cosi-Jade безбедна?
Maxi Cosi-Jade е изработена и е во согласност со последните ECE R129 безбедносни стандарди.
• R129 е последниот и највисоко активен Европски стандард за безбедност при патувањата со автомобил.
• Ако планирате подолги патувања во текот на првите месеци мора да имате на ум да им ја обезбедите препорачаната лежечка позиција на вашите новороденчиња.
• Maxi Cosi-Jade исто така овозможува 180 степени ротација на хоризонталната лежечка позиција за вашето дете.