Добивате 620 Поени!

Maxi-Cosi Lila Sparkling Grey

30,990ден

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

1 на залиха

Опис

Maxi Cosi Lila е новото најудобно место за вашето бебе после вашата прегратка. Најновата Maxi-Cosi Lila е најдобриот избор за вашето бебе уште од раѓање.

Избирајќи ја Maxi-Cosi Lila сигурни сте дека сте го обезбедиле најголемиот комфор за вашето бебе. Каде и да одите, вашето бебе ќе се чувствува удобно и безбедно благодарение на најергономскато лежиште од мемори пена. Откако вашето бебе ќе го надрасне лежиштето од мемори пена, реверзибилното термо регулирано душече ќе ја задржи удобноста на вашето дете без разлика на температурата надвор. Maxi-Cosi Lila го прави вашиот живот поедноставен благодарение на тоа што може да ја управувате со само една рака и лесно отстранливата екстра голема кошница/торба.

Но, зошто Лила е следното најдобро место за вашето бебе после вашата прегратка? Maxi Cosi во соработка со педијатрите го создадоа најергономското лежиште од мемори пена за вашето новороденче (од 0 до 4 месеци) како најдобра поддршка на развојот на вашето бебе во првите месеци. Лежиштето од мемори пена го следи телото на вашето бебе и обезбедува најголема сигурност со намалување на празниот простор околу телото. Со ова лежиште исто така нозете на бебето се поставени во природна позиција што особено помага да се намали рефлуксот. Оформената вдлабнатина кај главчето го намалува притисокот под главата што ја спречува појавата на синдромот “рамна глава”. Има вградена продолжена заштитна капа со која вашето бебе ќе има пријатно спиење и ќе го заштитите од сончевите зраци и инсекти. Реверзибилното душече ја оддржува удобноста на вашите тодлери преку целата година без разлика на температурата, има 3Д мрежа за лето и мека волна за зима.

А, кој е комфорот на родителите избирајќи ја Maxi-Cosi Lila? Maxi-Cosi Lila го прави вашиот живот поедноставен. Со само една рака можете да го трансформирате седиштето во скроз лежечка корпа. Maxi-Cosi Lila се склопува со само една рака и е компактна за складирање. Има екстра голема кошница/торба која во било кој момент може да ја понесете со вас и да пазарувате. Уживајте во долгите возења со Maxi-Cosi Lila благодарение на долготрајните и лесни иновативни тркала изработени по најновата SmoothRide технологија.

Maxi-Cosi Lila расте заедно со вашата фамилија. Тандем седиштето (се продава поединечно) може да се постави на количката и во него да возите уште едно дете на приближна возраст. Maxi-Cosi Lila е најдобриот одговор на вашето барање за комфор и безбедност на вашето дете. Со реверзибилно седиште кое има повеќе позиции достигнувајќи скроз лежечка и може да се користи од новороденче. Со вклучена зимска прекривка и продолжена стреа со ултравиолетова заштита од 50+ и peek-a-boo прозорче. Со вклучена кабаница против дожд и ветер. Сите 4 тркала се амортизирани и има светлосни рефлектори на стреата.

Карактеристики

  • Составни делови - само количка
  • Димензија - 93х61х42 цм
  • Тежина - 12,80кг
  • Реверзибилно седиште - да
  • Се користи од до кг - од 0 до 15
  • Гаранција - 365 дена + lifetime
  • Позиции на седиште - 5+
  • Тркала - полна гума + амортизација
  • Бампер - да
  • Кабаница за дожд - да
  • Мрежа за комарци - не
  • Мама торба - не
  • Зимска навлака - да
  • Држач за чаша/шише - клип за чадор

Начини на испорака

Bebe Home Ви нуди бесплатна испорака на сите пратки над 1500 денари.
Начините на плаќање за online порачките се:
– со кредитна картичка Visa или MasterCard
– плаќање при достава на врата со откуп
Испораките ги вршиме преку Карго Експрес Битола во рок од 1-3 работни дена од порачката, но во некои исклучителни ситуации и до 5 работни денови.
За сите дополнителни информации испратете ни email на [email protected] или побарајте не на 072 250011.

X