Опис
Maxi-Cosi Pearl 360 Pro е седиште за во автомобил кое што се користи од 61-105 цм или
од 3 месеци до 4 години. Може да се користи и од новороденче со перниче кое што се
продава одделно. Седиштето е изработено според највисоките i-Size стандарди за
безбедност. Има вградено G-CELL Side Impact Protection, кое што при удари ги намалува
штетите од ударите дури за 45%. Има повеќе положби на наслонот на седење од легната
до седната положба. Изработено е со Clima Flow материјали, за да вашето дете ја има
најдобрата удобност и при користење во сите годишни времиња. Лесно дише материјалот
и со тоа не дозволува потење додека се користи. 100% рецилкирани материјали. Појасите
за врзување се со 5 точки на безбедност, специјално дизајнирани секогаш се отворени за
полесно прицврстување на вашето дете.
Се користи заедно со Maxi-Cosi Family Fix 360 Pro за полесно функционирање со новата
SlideTechTM технологија, само повлечете ја базата ставето го седиштето, изротирајте и
спремни сте за патување.
*Изофикс базата се продава одделно!