Опис
Димензии:
Фиокар: 76 x 45 x 90cm
Подлога за пресоблекување: 82×49 cm
Фиокарот Џорџија со бел висок сјај е од ексклузивната линија на реномираниот италијански бренд Pali.
Направен е од масивно буково дрво и обоен со 100% бои на водена база, нетоксични и антиалергиски.
Фиокарот има три големи фиоки, ергономска кадичка за бањање на бебето, која се наоѓа под подлогата за пресоблекување, мека подлога за пресоблекување (се користи до 12 месеци) и 4 тркала за лесно пренесување на фиокарот, од кои две имаат кочница за да се фиксира по потреба.
Фиокарот има бел висок сјај и интересен дезен со мечиња и месечинка, кои му даваат на производот богат изглед. Овој фиокар може да се комбинира со креветчето Џорџија и плакарот Џорџија (од истата линија) за да се направи комплетна детска соба.
Произведено во Италија