10% попуст Добивате 11 Поени!

PURITO All Care Recovery Cica-Aid

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром
Струга

106 на залиха

Хидроколоидот е комбинација од природен хидрофиличен гел и хидрофобна синтетичка гума и ги заштитува раните од контаминација и секундарна инфекција. Исто така, нежно го апсорбира секретот од лачењето од раната, создавајќи влажна околина и со тоа спречува ризик од појава на лузни и обезбедува побрзо оздравување на раната без никакви лузни.
1.Искористете ја лепенката по истиснувањето на акната. Поставете ја лепенката врз раната, за смирување на тој дел и спречување на секундарна инфекција и појава на лузни од акни. 2. Искористете ја лепенката како екстрактор на гној кога акната е веќе отворена или кога е во последна фаза. 3. Искористете ја лепенката како заштитна бариера, не само што ќе спречи чепкање на акната, исто така ќе допринесе за побрзо заздравување на кожата. 4. Искористете ја лепенката која содржи екстракт од Азиска Центела како третман директно на акната. Доста е ефикасна за лечење на умерени акни.
Без разлика дали ја користите преку ноќ или преку ден, не треба да ја оставите на лице повеќе од 12 часа. Држете ја лепенката по можност најмалку 8 часа. Ќе го намали времето за смирување и намали шансите за појава на лузни.
1. Пред да ја употребите лепенката Cica-aid, веројатно не сте ја исчистиле убаво кожата. 2. Лепенката била отстранета од акната за помалку од 3 часа. 3. Сте пробале да ја ставите лепенката врз црните митесери или фунгални акни.

Опис

За мене

Невидливо покривање со брз и ефикасен третман на акните и нега за лузните.

Пробајте ги Purito All Care Recovery Spot Patch  кои имаат антивоспалително дејство со природно и невидливо покривање и брза нега и третман на акните без создавање на лузни. Станува збор за целосен третман за акните кој нуди решенија за комплетно сè,

започнувајќи со смирување на акните во нивна прва фаза, до екстракција на комедони и нега на раните од акни по нивно истискување. Изработени се со високо ниво на хидроколоид кој ја апсорбира течноста од раните и создава влажна средина да помогне што побрзо да зараснат раните создадени од акните. Исто така, ги смируваат воспалените акни уште во прва фаза со состојки од Asiaticoside, Madecassic Acid и Asiatic Acid и исто така нуди CICA нега. Исто така, даваат заштита на гнојните акни од надворешните иритации, осигурувајќи да не дојде до нивно пукање, додека помагаат во процесот на чисто извлекување на гнојот и комедонот.

Зошто да ги изберете овие лепенки?

Даваат природно и невидливо покривање

Краевите на лепенките се потенки од центарот за да подобро се залепи лепенката.

Станува збор за одлична матирана лепенка која обезбедува природен изглед и е невидлива за око.

Tап, тап! Лесно нанесување и отстранување!

Формата на лепенката обезбедува нејзино лесно отстранување од кожата. Лепенката може да се залепи на хигиенски начин без ризик за секундарна контаминација или набраздување предизвикано од ноктите.

Непречено користење!

Водоотпорноста е клучна! Оваа лепенка не се одлепува лесно од кожата дури и кога го миете лицето со вода или вежбате.

Брза нега за лузните!

Овие лепенки го задржуваат кислородот и влажноста за да ги заштитат раните од сушење помагајќи во процесот на заздравување.

Како да ги користите

Состојки

Hydrocolloid, Asiaticoside, Madecassic Acid, Asiatic Acid

Начини на испорака

Bebe Home Ви нуди бесплатна испорака на сите пратки.
Начините на плаќање за online порачките се:
– со кредитна картичка Visa или MasterCard
– плаќање при достава на врата со откуп
Испораките ги вршиме преку Карго Експрес Битола во рок од 1-3 работни дена од порачката, но во некои исклучителни ситуации и до 5 работни денови.
За сите дополнителни информации испратете ни email на [email protected] или побарајте не на 072 250011.

Како се користи

Чекор 1

За да ги отворите порите на кожата, измијте го вашето лице со млака вода.

Чекор 2

Откако ќе го измиете лицето, оставете целосно да се исуши. Бидете сигурни дека инфицираниот дел е соодветно исушен. Во спротивно, лепенката нема да се залепи добро.

Внимавајте!

Не нанесувајте никаква козметика за акни пред да ја поставите лепенката.

Чекор 3

Отстранете ја лепенката со притискање на краевите на филм лентата, без да го допирате центарот.

Чекор 4

Ставете една лепенка директно на инфицираниот дел и нежно притискајте 5 секунди.

Чекор 5

Почекајте од 5-8 часа или додека не забележите дека лепенката од транспарентна станала бледо бела, што значи дека нејзиното дејство завршило.

Чекор 6

Отстранете ја лепенката и исчистете и хидратирајте го третираниот дел. Нанесете нова лепенка ако на акната и треба сè уште време да се смири.

X