15% попуст Добивате 17 Поени!

PURITO BHA Dead Skin Moisture Gel

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром
Струга

76 на залиха

Може да го користите и преку ден и навечер, но ако го вметнете во вашата вечерна рутина може да добиете подобар резултат. Користете го пред легнување кога кожата се регенерира со цел да ги максимизирате ефектите.
Со помош на нашата технологија ја минимизиравме секоја кожна реакција. Но, како и да е, кожата може да биде иритирана зависно од околностите. Препорачуваме да пробате мала количина од производот на внатрешната страна од рачниот зглоб.
Ако сте почетник, започнете со користење на секои 3 дена. Како што вашата кожа ќе се навикнува на производот тогаш зголемете го бројот на нанесувања.
Ако ја чувствувате вашата кожа сува, нанесете хидратантна крема со балансирана формула на масло и влажност за да ја одржите вашата кожа хидрирана.

Опис

BHA Dead Skin Moisture Gel / 100ml

За мене

Кажете им збогум на старите нечистотии и мртви клетки на кожата за нов почеток со хидрирана кожа!

PURITO BHA Dead Skin Moisture Gel  во својот состав има 2% Бета-Хидрокси киселина растворлива во масла, која ги отстранува нечистотиите и себумот насобран во порите на кожата. Помага во смирување на акните/мозолчињата со екстрактот од чајно дрво и артемисиа капиларис кои имаат невоспалително дејство и го контролираат излачувањето на себумот. Исто така, со екстрактот од Алое вера ја смирува и успокојува кожата. Содржи и Натриум Хијалорунат кој ја одржува вашата кожа влажна и балансирана по ексфолијацијата.Станува збор за ексфолијатор со текстура на гел кој е дизајниран да има нежно, но сепак ефективно дејство на вашата кожа додека спиете.

Клучно

  1. Во својот состав има природен хумектант Натриум Хијалорунат за да ја одржува вашата кожа хидрирана и балансирана.
  2. Комфорен ексфолијатор кој содржи минимални но, основни состојки за сензитивна кожа.
  3. Содржи 2% Бета Салицилат да ја омекне и подобри текстурата на кожата и ефективно да ги отстрани себумот и мртвите клетки на кожата.

 

СУПЕР ТИП!

Состојки

Начини на испорака

Bebe Home Ви нуди бесплатна испорака на сите пратки.
Начините на плаќање за online порачките се:
– со кредитна картичка Visa или MasterCard
– плаќање при достава на врата со откуп
Испораките ги вршиме преку Карго Експрес Битола во рок од 1-3 работни дена од порачката, но во некои исклучителни ситуации и до 5 работни денови.
За сите дополнителни информации испратете ни email на [email protected] или побарајте не на 072 250011.

Како се користи

Чекор 1

Откако ќе го измиете лицето со млака вода и ги отворите порите на кожата и отстраните нечистотиите, омекнете ја кожата нежно со тонер.

Чекор 2

Омекнете ја текстурата на кожата со ABP Liquid 3 пати во неделата и користете го BHA гелот за да ја подобрите ексфолијацијата, а истовремено да ја хидрирате кожата.

Чекор 3

Нанесете соодветно количество од BHA гелот и нежно масирајте преку целото лице, избегнувајќи ги очите.

Чекор 4

Нанесете крема за очи околу очите и устата.

X