Опис
За мене
Centella Серум без ароми, супер решение за спасување на супер сензитивната кожа!
Загрижени сте за вашата оштетена кожа која станала уште посензитивна заради промена на годишното време, одредена работа или загадувањето? Затоа сега може да го пробате нашиот Centella Серум без ароми.
Синергетскиот ефект на екстрактот од 49% од Азиската Центела има за цел да ја подобри синтезата на колагенот и Ниацинамидот кој обезбедува одлични ефекти во регенерација на кожата и ги решава проблемите со смирување на лузните.
Како дополнување, Керамиди, Натриум Хијалорунат и Пептиди се состојки кои ја зајакнуваат кожната бариера која е првата линија за одбрана на кожата, правејќи ја кожата цврста, започнувајќи одвнатре. Подарете и комфор и одмор на вашата кожа која станала уморна и сензитивна заради надворешните влијанија и иритации.
Предности
1.Безбедна заштита со чисти состојки
За слабата кожа која е изложена на оштетувања, кожата изложена на стрес и супер сензитивната кожа безбедноста и заштитата се најбитни. Состојките во Серумот без ароми се едноставни и чисти, па може да го користат и мажи и жени, млади и стари без никаква грижа.Ќе искусите кожа која станува поотпорна и поблескава секој ден се повеќе.
2.Нега за зацрвенета и иритирана кожа и нееднаков тен на кожата
Овој производ содржи 49% високо концентриран екстракт од Азиска Центела кој има одлични ефекти за регенерација на кожата и нејзино закрепнување.Екстрактот од Азиска Центела нуди синергетски ефект со избелувачки функционални состојки, Ниацинамид и Пептиди, кои ја смируваат оштетената кожа и го активираат заштитниот слој на кожата обезбедувајќи силен напреден ефект. Серумот без ароми ќе обезбеди блескава витална енергија на нееднаквиот тон на кожата и затемнетите делови на кожата од лузните. Имајте хидрирана, блескава кожа која блеска одвнатре нанадвор.
3.Нега на кожната бариера за кожа која е сензитивна заради надворешните влијанија
Ако сте загрижени за вашата кожа која станала уште посензитивна заради надворешните влијанија пробајте го нашиот Серум без ароми.Подобрување на кожната бариера е клучно, па со цел да се зајакне мора интерцелуларните липиди кои ја формираат кожната бариера да се зајакнат. Состојките во Серумот без ароми како Керамиди, Натриум Хијалорунат и Центела ја зајакнуваат кожната бариера започнувајќи од нејзините корени.