Опис
Серум кој е наменет за кожа која го губи својот еластицитет, дехидрирана кожа, истакнати фини линии и брчки. Наменет за дехидрирана, масна кожа.
Овој серум е формулиран со Хијалуронска Киселина која ја зголемува ефикасноста на хидратацијата и ги намалува фините линии и брчки. Ја одржува влажноста во кожата обезбедувајќи и измазнувачки и омекнувачки ефекти. Дополнет со Пантенол кој му овозможува на серумот да помогне во заштитување на кожата и да обезбеди зајакнување на кожната бариера.
DermHA-3 Serum е вегански производ и никогаш тестиран на животни. Без присуство на есенцијални масла. Без присуство на парфеми/ароми/мириси. Без присуство на алкохол.
Клучни состојки:
– Натриум Хијалорунат помага во обновување на влажноста во кожата,
обезбедувајќи ревитализиран и здрав изглед на кожата. Има способност да ги измазни фините линии и да ја подобри текстурата на кожата.
– Пантенол е навлажнувачка состојка со антивоспалителни својства чија улога е да ја заштити кожата. Ја привлекува влажноста во кожата и ја задржува водата, дозволувајќи ѝ на кожата да произведе влажност и да ја хидрира длабоко одвнатре.