Опис
За мене
Нежно и чисто со пет есенцијални масла директно од природата.
Маслениот чистач е нежен производ и има смирувачки ефект. Во својот состав има само здрави природни масла наспроти агресивните синтетички масла. Маслениот чистач целосно и нежно ги отстранува кремата за сончање и шминката од кожата. Содржејќи ништо друго освен суштински состојки и пет различни хранливи и богати есенцијални масла, овој маслен чистач на кожата ви овозможува да го исчистите вашето лице без никаква иритација на кожата и очите. Хидрофилните есенцијални масла одлично емулзифицираат, нежно растопувајќи ја секоја шминка заедно со нечистотијата и себумот кои се длабоко во вашите пори на лицето.
*Што е емулзија?
Кога во маслениот чистач е додадена вода, тој се претвора во млечна супстанца. Овој процес се нарекува емулзија. Се однесува на феноменот каде што маслениот чистач пенетрира во порите и се комбинира со вода, постигнувајќи густина која е полесна од масло и ги извлекува нечистотиите длабоко навлезени во порите. Кога користите маслен чистач за отстранување на шминката, ефективниот процес на емулзија овозможува целосно отстранување на сите нечистотии во кожата, како што се црните и белите митесери.
Клучно
Пријатно & Лесно природно масло
Станува збор за маслен чистач чија база се природни растенија, кое со сигурност ќе ја исчисти вашата кожа на лицето без никаква иритација и проблеми. Не остава никаква масна трага.
Ефикасна нега на себумот
Претераното стимулирање на кожата да се отстрани себумот, ја оштетува кожата и ги проширува порите. Со маслениот чистач составено од природни масла и прецизен процес на емулзија без никаква кожна иритација ефикасно и на природен начин ќе го отстраните себумот и нечистотиите навлезени длабоко во порите.
Нежно, а сепак ефикасно!
Петте есенцијални природни масла ја отстрануваат кремата за сончање и шминката нежно, но сепак ефикасно без крутост и затегнување на кожата. Ефикасно ги отстранува нечистотиите насобрани во кожата и дава лесно и освежувачко чувство.
Ефекти на 5те природни масла
- Масло од маслинки
Богато со Витамин Е, маслото од маслинки создава влажна бариера на кожата, што обезбедува влажност на сувите делови додека и помага на кожата да го одржи балансот на нејзината влажност. Маслото од маслинки исто така ја заштитува кожата од стареење бидејќи Витаминот Е во маслото од маслинки е отпорен на активниот кислород кој предизвикува предвремено стареење на кожата.
- Масло од семето од сончоглед
Маслото од семе од сончоглед ги содржи основните масни киселини и лецитин, супстанци кои се наоѓаат во клетките на човечкото тело. Го контролира себумот, ја смирува кожата, има антиоксидативни својства што помага во заштитата на стареењето на кожата. Понатаму, маслото е исто така соодветно за користење на масна кожа бидејќи не предизвикува појава на акни или други видови на кожни проблеми.
- Масло од семе од јојоба
Богато со витамини и минерали, маслото од семе од јојоба ја заштитува кожата од надворешните агресивни влијанија и нуди фантастичен хидратантен ефект. Понатаму, маслото од семе од јојоба го контролира производството на себумот и има ефект на длабоко чистење на порите, отстранувајќи ги сите нечистотии.
- Масло од сладок бадем
Маслото од сладок бадем има одличен хидратантен ефект и го намалува чешањето на сувата кожа. Исто така е богато со Витамин А и Витамин Е кои имаат одличен ефект во подобрување на проблемите со воспаленија на кожата и акните додека ги омекнува лесните лузни.
- Масло од семе од грозје
Маслото од семе од грозје ги апсорбира нечистотиите во порите на кожата и помага целосно да се исчисти кожата. Исто така помага кожата да се регенерира, содржејќи полифенол кој го спречува стареењето на кожата.
Супер Тип!
Како се користи Маслениот Чистач