Опис
Овој балм има текстура налик шербет кој се претвора во меко масло при допир со вода. Моќен маслен чистач кој ја растопува и најтврдокорната и водоотпорна шминка, нечистотии, вишок себум, кој по користењето ја остава кожата, мека, хидрирана, чиста и здрава. Во својот состав содржи екстракт од зелен чај, азиска центела, масло од оризови трици, макадамија и сончогледово семе за темелна хидратација, навлажнување, смирување и омекнување на кожата. Исто така во својот состав содржи и церамиди, пантенол и хијалуронска киселина кои се задолжени за зајакнување на кожната абриера.
Екстрактот од модар патлиџан е задолжен за изедначување, осветлување и потхранување на кожата.