Опис
Сет од 3 (три) Pyunkang Yul производи:Essence Toner 200ml + Moisture Serum 100ml +Nutrition Cream 100ml
*Pyunkang Yul Essence Toner обезбедува интензивна и длабинска хидратација проследена со одлична и брза апсорпција во кожата. Во својот состав содржи 91.3% екстракт од корен од Milk Vetch за длабоко потхранување и ревитализација и обновување на кожата. Текстурата на овој тонер/есенција е погуста, ултра брзо и одлично се апсорбира во кожата и ѝ дава на кожата блескав, измазнет и здрав финиш. Во својот состав содржи само 7 основни и здрави активни состојки со висока концентрација кои значително ја подобруваат еластичноста и виталноста на кожата. Во составот на овој тонер/есенција нема присуство на ниту една штетна состојка која може да предизвика кожни проблеми.
*Pyunkang yul Moisture Serum обезбедува перфектен баланс на маснотиите со влажноста и спречува губење на хидратацијата. Исто така ја ревитализира сувата кожа, подобрува еластичноста и зголемува сјајот на кожата.Во својот состав содржи екстракт од корен од Coptis Japonica кој директно дејствува на намалување на температурата и ја смирува и омекнува сензитивната и иритирана кожа. Во својот состав содржи и маслиново масло кое обезбедува интензивен хидратантен ефект и ја заштитува кожата од сувост. Има текстура налик лосион која ултра лесно се апсорбира во кожата, оставајќи ја перфектно потхранета, хидрирана и мека.
*Pyunkang Yul Nutrition Cream нуди изобилство на нутриенти за потхранување, хидрирање и навлажнување на кожата длабоко одвнатре за здрав, блескав и младешки изглед на кожата. Оваа крема обезбедува интензивна хидратација и здрав сјај на кожата. Текстурата на оваа крема е мека, но густа и едноставно се растопува и веднаш впива во кожата без да чувствувате лепливост на кожата. Pyunkang Yul Nutrition Cream во својот состав содржи само здрави состојки кои нудат интензивна и длабока хидратација на кожата. Во својот состав содржи екстракт од корен од Milk Vetch за длабоко потхранување и ревитализација и обновување на кожата. Исто така во својот состав содржи и ши путер и масло од макадамија кои даваат антиоксидативни ефекти за кожата и обезбедуваат долготрајна хидратација и потхранување на кожата.
Сите Pyunkang Yul производи се EWG сертифицирани производи, со тестови преку кои е утврдено дека не е тригер за иритации и останати проблеми на кожата. Во нивниот состав нема присуство на вештачки парфеми/ароми/мириси и вештачки бои.