Опис
Време е да и дадете заслужен одмор на вашата кожа. Pyunkang Yul Peeling Gel е создаден со минимално потребни состојки кои комбинирани заедно даваат неверојатен ефект. Здравите и природните состојки во пилинг гелот нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата. Овој пилинг гел на Pyunkang Yul е наменет за сите оние кои сакаат редовно отстранување и чистење на кожата од мртвите клетки, но се двоумат дали да направат пилинг со цел да не ја иритираат кожата. Токму овој пилинг гел е нежен и безбеден за користење за сите оние кои не сакаат да ја оштетат кожната бариера после пилингот. Обезбедува нежна ексфолијација на кожата и нејзино обновување, освежување и хидратација. Pyunkang Yul Peeling Gel во својот состав содржи природни состојки добиени од папаја и лимонска киселина кои нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и допринесуваат вашата кожа да е нежна, мека и освежена по негова употреба. Со нежна текстура која овозможува релаксација и освежување дури и на сензитивната кожа. Во својот состав содржи екстракти од корен од Scutellaria Baicalensis и билката Сладунец (Glycyrrhiza) кои изобилуваат со разновидни витамини и минерали, за осветлување и ревитализација на кожата. Pyunkang Yul гелот содржи и хијалуронска киселина и Hydroxyethyl Urea и обезбедува хидратација на кожата додека пак церамидите ја одржуваат влажноста и хидратацијата на кожата иако е извршен пилинг. Во својот состав содржи и екстракт од азиска центела и екстракт од лист од чајно дрво кои ја омекнуваат иритираната кожа и овозможуваат комфорна релаксација.
Pyunkang Yul Peeling Gel е EWG сертифициран производ, со тестови преку кои е утврдено дека не е тригер за иритации и останати проблеми на кожата. Во неговиот состав нема присуство на вештачки парфеми/ароми/мириси и вештачки бои. Одличната оцека 0-2 на EWG скалата е доказ за висока безбедност и чистиот состав.