Опис
Pyunkang Yul Quick Moisturizing Professional Hand Lotion е брзо апсорбирачка и смирувачка крема наменета за сувата и оштетена кожа на рацете. Оваа крема за раце содржи пет различни видови на хијалуронска киселина и природни состојки кои помагаат кожата на рацете да ја задржи влажноста, како и да допринесе за брза ревитализација и омекнување на сувата и оштетена кожа.
Оваа крема во споредба со сите други креми за раце има подолготрајни и побрзи резултати во регенерирање и хидратација на кожата.
Рацете во денешно време ги миеме во просек од 10-15 пати на ден. Тоа ја изложува кожата на големо оптеретување и допринесува за нејзино брзо оштетување и сушење. Pyunkang Yul Quick Moisturizing Professional Hand Lotion допринесува за специјална и едноставна, но пред се брза нега на кожата на вашите раце.
Хијалуронската киселина ја извлекува внатрешната влага до 1000 пати побрзо. Тоа е така бидејќи во составот содржи пет различни видови на хијалуронска киселина.
Екстрактот од цветовите на пустински кактус содржи до 8 пати повеќе витамини и хидратантни состојки од алое вера што ја прави оваа крема многу поефикасна за негување на оштетена кожа.
Маслото од јојоба создава здрава бариера на кожата и ја намалува можноста за губење на хидратацијата.
Pyunkang Yul Quick Moisturizing Professional Hand Lotion е EWG сертифициран производ, со тестови преку кои е утврдено дека не е тригер за иритации и останати проблеми на кожата. Во нејзиниот состав нема присуство на вештачки парфеми/ароми/мириси и вештачки бои. Одличната оцека 0-2 на EWG скалата е доказ за висока безбедност и чистиот состав.