Опис
Safety 1st Hello (3 во 1) е практична градска количка со модерен дизајн. Седиштето се трансформира во удобна корпа за новороденче, па со тоа Safety 1st Hello (3 во 1) може да ја користите од новороденче. Ултра лесна за возење, се управува со само една рака и рачката за возење се подесува во неколку висини. Седиштето е реверзибилно, што значи детето може да го поставите во Safety 1st Hello кон околината или кон вас. Има неколку позиции за подесување на наслонот за седење/лежење достигнувајќи скроз лежечка позиција што овозможува релаксирано спиење на детето во Safety 1st Hello. Предните тркала ротираат за 360 ° и може лесно да се закочат. И предните и задните тркала се амортизирани и изработени од полна гума што значи дека Safety 1st Hello може да се вози по секаков терен, а исто така може и лесно да ги отстраните. Со кочница на задните тркала и за максимална безбедност со 5 точки на врзување на безбедносните каиши.Safety 1st Hello има екстра голема шопинг торба, држач за чадорче и кабаница за заштита од дожд и ветер. Во пакетот има вклучен Safety 1st транспортер со адаптери за да може да го поставите транспортерот на количката. Транспортерот се користи и како седиште за автомобил од новороденче до 13 кг на бебето. Целиот текстил од количката и транспортерот може лесно да се извади и машински да се испере.